Одбележување на Европскиот ден на јазиците – 26 Септември

На ден 26 септември, во нашето училиште свечено беше одбележан Европскиот ден на јазиците. Настанот беше организиран од учениците во предметна и одделенска настава со поддршка од предметните наставници по Македонски, Англиски и Француски јазик и одделенските наставници.
Целта на активноста беше да се истакне значењето на јазиците и да се охрабри почитта кон јазичната и културната различност во Европа и светот.

Настанот помина во весела и едукативна атмосфера. Учениците уживаа додека учеа нови зборови, се запознаваа со други култури и го изразуваа своето почитување кон различноста. Со ова одбележување, уште еднаш ја потврдивме важноста на учењето јазици и отворањето кон светот..
Настанот заврши со заедничка порака:
„Секој јазик е богатство – да го чуваме и почитуваме!“