Чествување на унгарскиот национален празник и успех на нашите ученици

На 14 март, на плоштадот „Шандор Петефи“ во Драчево, се одржа свечена манифестација по повод 15 Март – симболот на унгарската револуција и борбата за слобода.

​Во присуство на амбасадорот на Унгарија, претставници од здружението „ТЕЛЕДОМ“, градоначалникот на Општина Кисела Вода и бројни гости, нашите ученици уште еднаш покажаа дека креативноста не познава граници.

​ Наградени за своите творби посветени на Лајош Кошут:

​ Илина Нестороска (6-2) – Прва награда

​ Леона Арсова (6-2) – Трета награда

​Ања Мицевска (6-2) – Пофалница

​Поетските творби пред присутните емотивно ги пренесе ученичката Бојана Филипова (6-2).

​Упатуваме искрени честитки до вредните ученички и нивниот ментор, Катица Стојчевска, за одличното претставување на нашето училиште!

Објавени се резултатите по француски јазик

Големо браво за сите наши ученици кои учествуваа на училишниот натпревар.

Вашата посветеност кон изучување на францускиот јазик нè радува сите.

Честитки до најдобрите!

ЗДРАВИОТ ИЗБОР Е НАШ ИЗБОР

Големиот одмор денес не беше обичен… беше исполнет со насмевки, боја и грижа за здравјето.

Учениците од III и VII одделение со љубов и посветеност организираа овошен штанд, каде секое јаболко, портокал и чаша сок носеше порака –да избереме здраво значи да се грижиме за себе.

Во оваа убава приказна се споија другарството, соработката и желбата да се направи нешто добро за сите.

Поголемите ученици беа вистинска поддршка и пример, а помалите – најсреќни купувачи.

Мал гест, голема лекција.

Мали раце, големи дела.

Избираме здраво. Избираме овошје. Избираме подобро утре.

Средствата собрани од продажбата ќе бидат наменети за потребите на ЕКО тимот.

Честит Рамазан Бајрам!

Во нашето училиште, преку секцијата за мултикултурализам, заеднички го одбележавме големиот празник Рамазан Бајрам.

Со голема благодарност до родителите, нашите ученици од муслиманска вероисповед ги почестија наставниците и соучениците со традиционална баклава.

Преку кус едукативен реферат, се потсетивме на вредностите на овој празник: солидарност, простување и меѓусебна почит.

​Баклавата беше слатка, но уште послатко беше заедништвото и пријателството што ги негуваме секој ден.

​Продолжуваме да градиме мостови и да ги славиме нашите различности

Ден за природата, ден за творење!

​Нашето училиште блесна во сите бои на пролетта! Од најмалите до најголемите, сите се обединивме со една цел – поубава и почиста околина.

​Учениците од второ одделение со многу љубов цртаа, боеја и пишуваа еко-пораки, потсетувајќи нè колку е важно да ја чуваме природата.

Креативната енергија ја продолжија учениците од V-1, кои преку својот плакат „Додај и боја на планетата Земја“ испратија силна порака за одговорност кон планетата.

Вредните раце од предметна настава пак, со четки и бои му дадоа нов сјај на училишниот двор и ги подготвија сите места за пролетно садење.

За крај, нашата Еколошка секција покажа како со рециклирање се создава нов живот, изработувајќи уникатни саксии во кои засадија прекрасни цвеќиња.

Финансиска писменост – вештина за иднината!

​Нашите вредни деветтоодделенци, Елена Наумова и Марко Наумов од 9-в одд., под менторство на наставничката Катица Стојчевска, беа дел од националниот натпревар „Европски квиз на парите“ 2026!

​Меѓу 1300 ученици од целата држава, тие покажаа одлично знаење и подготвеност за светот на финансиите.

Горди сме што нашите ученици активно се едуцираат за носење паметни финансиски одлуки.

​Браво за Елена, Марко и нивната менторка!

УСПЕХ НА ОПШТИНСКИОТ НАТПРЕВАР ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК

Со големо задоволство ги споделуваме резултатите од општинскиот натпревар одржан на 14.03.2026, каде нашите ученици уште еднаш покажаа дека знаењето и трудот секогаш водат кон врвни постигнувања!

​Горди сме на сите учесници, а посебни честитки до наградените кои обезбедија пласман на Регионалниот натпревар:

​Прва награда

​Ема Ивановска (VI-1) – 96 бода

​Каја Стојковска (VIII-2) – 94 поени

​ Втора награда

​Ангелина Трпковска (VIII-1) – 91 поен

​Ведран Вељковиќ (IX-4) – 87 бода

​ Трета награда

​Александар Алексоски (VI-2) – 84 бода

​Честитки и за Ана Трајкоска (VII-3) , Емил Адемоски (IX-4), Тафиљ Рахте и Антонио Трајановски (V-1) за нивното успешно претставување на училиштето!

​На нашите вредни ученици им посакуваме многу среќа и уште поголеми успеси на претстојниот регионален натпревар!

Keep up the great work!

ГРАНД ПРИ за НАШИОТ ТИМ „ОСЕТРА“

Станавме неприкосновени ШАМПИОНИ на МАКЕДОНИЈА и одиме на СВЕТСКО ПРВЕНСТВО!!!

ГРАНД ПРИ за НАШИОТ ТИМ „ОСЕТРА“ –Тим кој ја разнесе роботската арена!

Вечерва станавме апсолутни победници на ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ,,FIRST LEGO League” каде се собираат најдобрите млади иноватори и роботичари од цела Македонија.

Во конкуренција на 36 училишта над 400 ученици и 50 ментори, со НЕВЕРОЈАТНИ 520 БОДОВИ ги оставивме збунети организаторите, судиите и сите учесници.

Ваков резултат не се памети во историјата на ова натпреварувањето.

КОИ СЕ? ОД КАДЕ СЕ?

Како може да се толку добри!?

СЕКОЈА ИМ ЧЕСТ!

Од нив треба да се учи!

…ова се слушаше низ ходниците на ,,Diamond Mall.

ТИЕ СМЕ !!! ТИМ ОСЕТРА!!!

Ученици, наставници и родители – сите дишеме како еден.

Тим од ученици и наставници кој деноноќно работеа и стигнаа до врвот!!!

Ова вечерва беше доминација, стратегија и прецизност на највисоко ниво.

Нашиот Робот работеше со неверојатна точност, а секоја мисија беше изведена со сигурност која ја воодушеви публиката и судиите.

Наш иновативен проект на ова натпреварување беше земјосмукалка ,,Архео вакум”и со неа го освоивме жирито.

Зад овој огромен успех стојат месеци работа, безброј тестирања, програмирање и тимска посветеност. Огромна заслуга за овој успех има наставникот по информатика Марина Пејковска, која со својата визија и посветеност повторно го водеше тимот до врвот.

Нејзини соработници беа наставниците Лиле Сарваноска, Билјана Стојановска и Данче Костовска – Јакимовска.

Сите заедно создадовме победничка приказна.

Кога учениците, наставниците и родителите се обединети со иста цел — се создава тим што победува.

Денес испративме силна порака до цела Македонија: младите умови можат да создаваат, да победуваат и да освојуваат врвови!

ТИМ „ОСЕТРА“ – ГОРДОСТ НА УЧИЛИШТЕТО И АПСОЛУТЕН ШАМПИОН на First Lego League!

Од 8 -10 Мај одиме на Пелопонез, во Грција да ја претставуваме Р.Македонија на Светскиот шампионат ,,FIRST LEGO League”. Ќе влеземе во светската арена на иноватори и роботичари, рамо до рамо со 51 тим од целиот свет …

ВЕТУВАМЕ – достојно ќе ја претставиме Р.Македонија!

Повеќе фотографии од настанот може да погледнете на нашата фб страна

Настан по повод Месецот на Франкофонијата во ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје

Нашето училиште учествуваше на свечен настан посветен на Месецот на Франкофонијата, збогатен со присуството на Н.Е. г-дин Кристоф Ле Риголер, амбасадор на Република Франција, како и претставници од Францускиот институт и Бирото за развој на образование.

Ученици од десет основни училишта од Скопје, преку музика, танц и драмски изведби, ја доловија убавината на францускиот јазик и богатата француска култура.

Нашето училиште се претстави со две внимателно подготвени точки:

„Galerie vivante“ – жива галерија 🎨

Креативна претстава на познати француски сликари и нивните дела. Наратор на точката беше Меланија од VIII-2 одделение.

Изведба на песната „Сена“ од Ванеса Паради 🎶

Прекрасна интерпретација од Ивана и Ангелина од VIII-1 одделение.

Настанот беше подготвен со посветена поддршка на наставничките Анета Митевска и Наташа Апостолова (француски јазик) и наставничката по ликовно образование Марија Н. Наневска, кои придонесоа за успешната реализација на настапите.

Настанот помина во инспиративна атмосфера исполнета со ученичка креативност, култура и француски дух. Со гордост го одбележавме Месецот на Франкофонијата и ја продолжуваме традицијата на промоција на францускиот јазик и култура