ВТОРО МЕСТО ВО СВЕТОТ на престижниот натпревар FIRST LEGO League во роботска игра

Учениците од ООУ „Дане Крапчев“ испишаа историја и го освоија ВТОРОТО МЕСТО ВО СВЕТОТ на престижниот натпревар FIRST LEGO League во роботска игра!

Во конкуренција од 55 држави и над 1000 ученици од целиот свет, нашиот тим со освоени 525 бодови се искачи на светскиот врв и покажа дека Македонија има млади умови кои можат рамноправно да се натпреваруваат со најдобрите.

Ова не е само успех.

Ова е доказ дека трудот, знаењето, упорноста и љубовта кон науката создаваат шампиони!

Седум месеци овие млади генијалци живееја за својот сон, поминуваа низ предизвици, учеа, создаваа, веруваа и не се откажаа ниту еден момент. Сега нивниот труд блеска пред целиот свет!

Искрени честитки и огромна благодарност до наставничката по информатика Марина Пејковска, која со огромна посветеност, знаење и љубов седум месеци го водеше тимот кон овој историски успех.

Честитки и до неуморните менторки Лиле Сарвановска, Билјана Стојановска и Данче Костовска Јакимовска кои со својата енергија, организација и визија секоја идеја ја претвораа во реалност.

Големо БРАВО и за родителите, кои беа најсилната поддршка, мотиватори и ветер во грб на овие деца на патот кон светскиот успех.

БРАВО за сите ПРИЈАТЕЛИ и ПОМАГАТЕЛИ на тимот Осетра од кој добивме финансиска помош.

Браво за нашата ДИРЕКТОРКА која силно верува во нас и го донесе овој проект во училиштето!

Браво за нашиот ГРАДОНАЧАЛНИК Бобан Стефковски за искрените желби за успех и финансиската поддршка.

Ова е победа на знаењето.

Ова е победа на младите.

Ова е победа на Македонија!

Нека овој успех биде мотивација за сите млади луѓе да веруваат во себе, да сонуваат големи соништа и храбро да чекорат кон нивното остварување.

По големиот успех на светскиот натпревар, тимот OSETRA беше топло пречекан во просториите на нашата амбасада во Атина, каде заеднички го прославивме нивниот извонреден резултат.

ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА – ДРЖАВНИ ПРВАЦИ

Успехот не е случајност, туку традиција која цврсто ја чуваме! ООУ „Дане Крапчев“ е повторно на самиот врв!

​Нашиот хор, под водство на неуморниот наставник Ванчо Јовчев , уште еднаш докажаа дека сме ДРЖАВНИ ПРВАЦИ, а ПРВАТА НАГРАДА е најубавата мелодија што ја донесовме од Кавадарци!

Победничката низа на ООУ „Дане Крапчев“ продолжува! Нашиот мандолински оркестар на државниот натпревар во Кавадарци уште еднаш потврди дека му припаѓа на самиот врв

ПРВАТА НАГРАДА Е ВО НАШИ РАЦЕ!

​Ова е заеднички успех на сите нас:

На неверојатните ученици – нашите музички виртуози !

На наставникот кој секоја нота ја претвора во шампионска магија!

На родителите кои безрезервно веруваат во нас и нè поддржуваат во секоја нова авантура.

​Не е лесно да се стигне до врвот, но уште потешко е да се остане таму.

Ние успеавме – повторно сме најдобри во државата!

​Продолжуваме да ја пишуваме музичката историја на нашето училиште како ДРЖАВНИ ПРВАЦИ!

Успех на државниот натпревар по француски јазик – Олимпијади 2026

Денес се одржа државниот натпревар по француски јазик Олимпијади 2026 на кој ученичката Меланија Георгиевска 8-2 се пласираше на високото 6 место а ученичката Нина Томова Ташков од 8-1 доби пофалница.

Браво за двете за вложениот труд и постигнатите одлични резултати.

Учениците беа раководени под менторство на наставничките по француски јазик Анета Митевска и Наташа Апостолова.

Следна станица: Светско првенство во роботика

Учениците од нашето училиште ги пакуваат куферите и своите роботи.

Македонија има свои претставници меѓу најдобрите во светот.

​Напорната работа во кабинетите се претвори во светска виза. Подготвени за новиот предизвик!