STEM инспирација во акција

На 28 октомври, во STEM едукативниот центар во Diamond Mall, Академијата за роботика и иновации успешно ја спроведе менторската обука за наставничките од ООУ „Дане Крапчев“ – Скопје, кои ќе го водат нашиот тим на овогодинешниот натпревар FIRST LEGO League!

Тема на сезоната 2025/2026: UNEARTHED – Влијанието на модерната технологија врз археологијата и како минатото нè води кон иднината!

Оваа година, нашите ученици ќе ги применат своите СТЕМ вештини, креативноста и тимската соработка за да го истражат минатото и создадат решенија за подобра иднина.

Менторки на тимот:
Марина Пејковска • Лиле Сарваноска • Билјана Стојановска • Данче К. Јакимовска.

Со нетрпение ги очекуваме предизвиците на оваа сезона и со гордост ги следиме чекорите на идните STEM лидери!

Работилница на тема „Развивање на емпатија, пријателство и поддршка за ученици кои се на лекување“

Во нашето училиште беше реализирана работилница на тема „Развивање на емпатија, пријателство и поддршка за ученици кои се на лекување“, во организација на НВО САНО со поддршка на БРО и Министерството за образование и наука.

Учениците од 7-3 преку активности, разговор и игри учеа како да бидат повнимателни, емпатични и поддржувачки кон своите другари кои се соочуваат со здравствени предизвици.

УЧЕНИЧКА КВИЗОТЕКА 2025/26

На 21.10.2025 година, во просториите на Детскиот културен центар „Карпош“, се одржа возбудливиот настан „Ученичка квизотека 2025/26“

Нашите ученици :
Тео Бојанчев (9-1), Калина Караџоска (9-1) и Ангелина Трпковска (8-1) гордо го претставија нашето училиште и се натпреваруваа со врсниците од:
ООУ „Петар Поп Арсов“ – Карпош
ООУ „Јан Амос Коменски“ – Карпош
ООУ „Наум Охридски“ – Гази Баба

Оваа квизотека опфаќа 52 училишта од град Скопје, а нашите ученици покажаа знаење, тимски дух и љубов кон учењето!

Браво за нив и честитки за одличното претставување!

16 Октомври – Светски ден на храната

Секој 16 октомври во светот се одбележува Светскиот ден на храната – ден кој нè потсетува дека здравата исхрана е предуслов за здрав живот, среќно детство и посветла иднина.
Оваа година, нашето училиште ја одбележа оваа важна дата со весела и поучна активност во училишниот хол, каде што учениците од 5. и 9. одделение подготвија штандови со свежо овошје и здрави производи.
Учениците од останатите одделенија со насмевки ги посетија штандовите и уживаа во вкусната и здрава понуда.

Денот помина во позитивна атмосфера исполнета со боја, мирис и радост, а најважната порака која децата ја испратија беше јасна:
„Здравата храна е наш избор, нашата енергија и нашата грижа за себе и за иднината!“ ❤️
Голема благодарност до сите ученици, наставници и родители кои ја поддржаа оваа иницијатива.
Средствата собрани од продажбата ќе бидат наменети за потребите на ЕКО тимот.

Со детска радост го заокруживме крајот на Детската недела

Нашите ученици, заедно со своите наставници, ја претворија оваа недела во вистински празник на детството!
Преку песна, игра, цртежи и насмевки ни порачаа дека детството е најубавото време – време за соништа, другарство и љубов.

Браво за нашите вредни ученици и посветени наставници од одделенска настава – со многу љубов создадоа незаборавни моменти!

6 Октомври – Светскиот ден на живеалиштата

Учениците од второ одделение со многу љубопитност и креативност го одбележаа
6 Октомври – Светскиот ден на живеалиштата.

Научија што е живеалиште, како човекот влијае врз природата и зошто е важно да ја чуваме нашата планета.
Годинешната тема – „Одговор на урбана криза“ – ги поттикна да размислат како со рециклирање и селекција на отпадот можеме да создадеме подобра иднина.

Браво за нашите второодделенци и нивните наставници за љубовта и грижата кон природата!

Денот на учителот одбележан во нашето училиште


По повод Денот на учителот 5-ти Октомври, нашите ученици на креативен начин ја изразија својата благодарност и почит кон наставниците. Преку творби, цртежи и искрени пораки, ни покажаа колку значат учителите во нивните животи.
Наставниците се срцето на нашето училиште – водичи, мотиватори и поддршка за секое дете. Нека овој ден биде потсетник за нивната огромна улога во оформувањето на иднината.
Среќен Ден на учителот!

Училиштето учи – природата инспирира!

Денес нашите љубопитни третооделенци тргнаа во мала авантура – посета на Природнонаучниот Музеј во Скопје!

Со широко отворени очи откриваа тајни за животните и нивните коски – вистинска лекција од природата што не се заборава!

Најважната поука беше дека најубаво се учи кога истражуваме и откриваме заедно.

Ви пренесуваме дел од денешната детска радост и љубопитност преку слики на нашата фб страна