ВЕЖБА ЗА ЕВАКУАЦИЈА

Денес, со почеток во 13 ч. во нашето училиште се спроведе симулациска вежба за заштита при земјотрес,пожар и елементарни непогоди.

Вежбата имаше за цел:

-да се проверат елаборатите и плановите за елементарни непогоди и катастрофи во училиштето;

-да се обезбеди високо ниво на подготвеност за дејствување при катастрофи со цел безбедно

згрижување на учениците и вработените;

Од спроведената вежба може да заклучиме дека постоечките планови за евакуација се функционални, а вежбата е успешно спроведена на високо ниво.

УЧЕНИЧКИ ПАРЛАМЕНТ за учебната 2024/25 година

Денес, го формиравме УЧЕНИЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ за учебната 2024/25 година.

За претседател ја избравме Софија Мијалковска 9-3 одд.

Заменик претседател е Аника Велковска од 9-1 одд.

Улогата секретар ќе ја имаат: Калина Караџоска 8-1 одд. И Тара Спасиќ 9-2 одд.

Тара С. и Калина К. ќе бидат и наши претставници на Наставнички Совет, Совет на родители и Училишен одбор.

Нашите идеи, иницијативи и креативни активности веќе се на хартија !!!

И оваа учебна година нашиот ученички парламент ќе ги реализира сите идеи под водство на

Магдалена Павлеска- наставник по историја  и Данче Костовска- Јакимовска одделенски наставник.

26 СЕПТЕМВРИ – ЕВРОПСКИ ДЕН НА ЈАЗИЦИТЕ

Јазикот има моќ да обединува и да создава чувство на единство меѓу луѓето!

Денешниот ден, 26 Септември, посветен на одбележување на Европскиот ден на јазиците. Нашите ученици од предметна настава заедно со своите наставници по Македонски, Англиски и Француски јазик учествуваа во креативна работилница и со различни активности упатија порака до сите ученици дека учењето различни јазици ги отвора вратите кон нови култури, традиции и градење пријателства надвор од сопствената земја.

22 СЕПТЕМВРИ – СВЕТСКИ ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ

ИДНИНАТА е во превозните средства на две тркала –

СВЕТОТ одамна го прифати тој тренд…

И ние сме ЗА !!!

АЈДЕ да го следиме светскиот тренд !!!

Бидете ЗДРАВИ и СРЕЌНИ !!!

ВОЗЕТЕ ВЕЛОСИПЕДИ

Светски ден за заштита на озонската обвивка

Во чест на ,,Светскиот ден за заштита на озонската обвивка”, ЕКО тимот споделува едукативна презентација за значењето на озонската обвивка за животот на нашата планета.

Презентацијата може да ја погледнете на следниот ЛИНК

Убава енергија на крајот од работната седмица

АРИСТОТЕЛ рекол:

“За нештата кои треба да ги научиме пред да почнеме да ги правиме, учиме правејќи ги“.

Токму затоа ние членовите на МАТЕМАТИЧКО-ИНФОРМАТИЧКАТА СЕКЦИЈА почнавме да правиме, а правејќи учиме за операции со цели броеви.

ГОЛЕМИТЕ, осмо и деветто одделенци во улога на МЕНТОРИ ги мотивираа и им споделуваа знаења, искуства и вештини НА ПОМАЛИТЕ, седмоодделенците

ЗА продлабочување на знаењата и негување ЉУБОВ КОН МАТЕМАТИКАТА!!!

Донација од Црвен крст

СРЕЌАТА е единствената работа која се множи кога се дели!

Во соработка со општинската организација на Црвениот крст и благодарение на иницијативата на општествено одговорни младенци добивме пакетчиња училишен прибор.

Истите се распределени на наши ученици од ранливи категории.

Благодарност од срце