УЧЕНИЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ подготвен за нови предизвици, дебати, дискусии, акции. Новиот состав ќе го предводат: Тео Бојанчев- претседател Јована Младеновска- заменик претседател Анастасиа Пислевиќ- секретар. За претставници на учениците на состаноците на Наставнички совет , Совет на родители и Училишен одбор се избрани учениците :Тео Бојанчев и Јана Ангелова. СРЕЌНА И УСПЕШНА РАБОТА!!
По предметот Општество во III одделение предвидена е содржина за запознавање со различни професии. Поради тоа беа повикани родители кои ги запознаа учениците со своите професии овозможувајќи им поблизок пристап до посакуваните професии.
На ден 26 септември, во нашето училиште свечено беше одбележан Европскиот ден на јазиците. Настанот беше организиран од учениците во предметна и одделенска настава со поддршка од предметните наставници по Македонски, Англиски и Француски јазик и одделенските наставници. Целта на активноста беше да се истакне значењето на јазиците и да се охрабри почитта кон јазичната и културната различност во Европа и светот.
Настанот помина во весела и едукативна атмосфера. Учениците уживаа додека учеа нови зборови, се запознаваа со други култури и го изразуваа своето почитување кон различноста. Со ова одбележување, уште еднаш ја потврдивме важноста на учењето јазици и отворањето кон светот.. Настанот заврши со заедничка порака: „Секој јазик е богатство – да го чуваме и почитуваме!“
Во нашето училиште на 16 Септември беше одбележан Светскиот ден за заштита на озонската обвивка. Учениците изработија пано за озонската обвивка , преку кое ја истакнаа нејзината важност со цел да се подигне еколошката свест за почиста, позелена и поздрава иднина. Озонот е одговорен за спречување на околу 98% од УВ зрачењето. Иако станува збор за глобален феномен, секој индивидуално со своето однесување односно со незагадување е пример за останатите и може да придонесе локално, за да имаме поздрава животна средина. Секој отпад несоодветно третиран ја загадува почвата и причинува да дојде до испарување на отрови во атмосферата,што севкупно влијае негативно на озонот.
Во активноста се вклучија учениците од еколошката секција и ученици од 9-3 одд.
На 16 септември 2025 година, општина Бутел и ООУ “Живко Брајковски” беа домаќини на завршниот настан од двегодишниот проектот “Градиме нови мостови” чиj носител е мисијата на ОБСЕ, со поддршка на Министерството за образование и наука, Амбасадите на САД, Холандија, Полска и Луксембург. Проектот е продолжение на претходните активности на Мисијата, насочени кон меѓуетничка интеграција во образованието, унапредување на демократијата и на социјалната кохезија во државата. Беа вклучени околу 30 училишта и 2600 ученици кои имаа заеднички активности – часови, спортски настани и дружење. Со пораки за толеранција, заедништво и соработка меѓу учениците од различни етникуми, се обратија амбасадорот на ОБСЕ во РСМ, г. Килиан Вал, министерката за образование и наука Весна Јаневска и амбасадорките на Соединетите Американски Држави и Норвешка, Анџела Агелер и Кристин Мелсом, кои за успешната работа и нашата посветеност врачија плакети на претставниците на училиштата кои учествувале во проектот. Ова признание е доказ дека преку образование, почит и заеднички ангажман, можеме да изградиме иднина во која различностите нè зближуваат, обединуваат и создаваат посилна заедница. Нашето училиште со гордост учествуваше во завршниот настан од проектот за меѓуетничка интеграција, каде што беа презентирани активностите и резултатите кои ги реализиравме со учениците. Затоа, посебна благодарност упатуваме до координаторот на Тимот на МИО, Роза Јаневска и наставничката по природни науки и биологија Бојана М.Личева за вложената енергија, труд и ентузијазам, како и до директорката Андриана Младеновска која со својата визија и поддршка овозможи успешна реализација на активностите. НАЈГОЛЕМО БРАВО за учениците од 6-4 одделение кое две години неуморно и со голем труд работеа на овој проект заедно со нивната наставничка Бојана М.Личева. Благодарност и до нашите партнер училишта ООУ „Наум Наумовски Борче“ и ООУ „22 Ноември“, на учениците од VI-в одделение и нивниот ментор Анида кои беа вклучени во сите заеднички активности.