“Градиме нови мостови” – Завршна манифестација
На 16 септември 2025 година, општина Бутел и ООУ “Живко Брајковски” беа домаќини на завршниот настан од двегодишниот проектот “Градиме нови мостови” чиj носител е мисијата на ОБСЕ, со поддршка на Министерството за образование и наука, Амбасадите на САД, Холандија, Полска и Луксембург.
Проектот е продолжение на претходните активности на Мисијата, насочени кон меѓуетничка интеграција во образованието, унапредување на демократијата и на социјалната кохезија во државата. Беа вклучени околу 30 училишта и 2600 ученици кои имаа заеднички активности – часови, спортски настани и дружење.
Со пораки за толеранција, заедништво и соработка меѓу учениците од различни етникуми, се обратија амбасадорот на ОБСЕ во РСМ, г. Килиан Вал, министерката за образование и наука Весна Јаневска и амбасадорките на Соединетите Американски Држави и Норвешка, Анџела Агелер и Кристин Мелсом, кои за успешната работа и нашата посветеност врачија плакети на претставниците на училиштата кои учествувале во проектот.
Ова признание е доказ дека преку образование, почит и заеднички ангажман, можеме да изградиме иднина во која различностите нè зближуваат, обединуваат и создаваат посилна заедница.
Нашето училиште со гордост учествуваше во завршниот настан од проектот за меѓуетничка интеграција, каде што беа презентирани активностите и резултатите кои ги реализиравме со учениците. Затоа, посебна благодарност упатуваме до координаторот на Тимот на МИО, Роза Јаневска и наставничката по природни науки и биологија Бојана М.Личева за вложената енергија, труд и ентузијазам, како и до директорката Андриана Младеновска која со својата визија и поддршка овозможи успешна реализација на активностите. НАЈГОЛЕМО БРАВО за учениците од 6-4 одделение кое две години неуморно и со голем труд работеа на овој проект заедно со нивната наставничка Бојана М.Личева. Благодарност и до нашите партнер училишта ООУ „Наум Наумовски Борче“ и ООУ „22 Ноември“, на учениците од VI-в одделение и нивниот ментор Анида кои беа вклучени во сите заеднички активности.
