22 септември-Меѓународен ден без автомобили

Учениците од актив петто одделение заедно со Еко-тимот реализираа активности по повод овој значаен ден.

Со порака:

„Да дишеме почист воздух!“

„Да чекориме повеќе, да возиме велосипед, да ја чуваме нашата планета!“

Нашите мали еко-херои покажаа дека секој чекор кон поздрав живот и почиста средина е важен.

16 СЕПТЕМВРИ- Светски ден за заштита на озонската обвивка

Во нашето училиште на 16 Септември беше одбележан Светскиот ден за заштита на озонската обвивка. Учениците изработија пано за озонската обвивка , преку кое ја истакнаа нејзината важност со цел да се подигне еколошката свест за почиста, позелена и поздрава иднина. Озонот е одговорен за спречување на околу 98% од УВ зрачењето. Иако станува збор за глобален феномен, секој индивидуално со своето однесување односно со незагадување е пример за останатите и може да придонесе локално, за да имаме поздрава животна средина. Секој отпад несоодветно третиран ја загадува почвата и причинува да дојде до испарување на отрови во атмосферата,што севкупно влијае негативно на озонот.

Во активноста се вклучија учениците од еколошката секција и ученици од 9-3 одд.

Одговорен наставник: Душанка Китановска