Успешни и на Општински натпревари по географија, хемија и природни науки

На општинскиот натпревар по географија, одржан на 22.02.2025г., Меланија Георгиевска VII-2 одд. го освои второто место, Тара Спасиќ освои 87 поени.

Ученичките обезбедија пласман на регионалниот натпревар.

Ментор: Маја Величковска

……………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………..

……………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………..

Прво место на ,,FIRST LEGO League” државен натпревар по едукативна роботика

НИЕ ИМАМЕ ДЕЦА ХЕРОИ!!!

ИМАМЕ ДЕЦА ИНЖЕНЕРИ!

ТИМ ,, ОСЕТРА” – ЗЛАТНИ ДЕЦА!

ДЕНЕС во Diamond Mall секоја LEGO коцка градеше иднината!

Повеќе од 300 деца од цела Македонија се натпреваруваа на ,,FIRST LEGO League” државен натпревар по едукативна роботика, каде млади иноватори ја покажаа својата способност за решавање инженерски предизвици.

ДЕНЕС се натпреварувавме во арена за иновации и креативност!

Се натпреварувавме со многу поискусни од нас, со ученици од основни, средни, државни и приватни училишта и токму ние – ТИМОТ ОСЕТРА бевме НАЈДОБРИ во категоријата ,, РОБОТСКА ИГРА”…

звучи НЕВЕРОЈАТНО но ВИСТИНИТО Е!

Овој успех е резултат на 4 месечна работа- часови и часови поминати во училиштето на тимот

наставници и ученици.

Наставникот по информатика Марина Пејковска е нашата гордост и ја има главната заслуга за овој успех.

Нејзин прв неуморен соработник беше Лиле Сарваноска наставник по математика.

Соработници – креативци во овој проект се наставници Билјана Стојановска – наставник по математика , Данче Костовска – Јакимовска -одделенски наставник и Марија Н.Наневска

-наставник по ликовно образование.

Овој пехар е резултат на неверојатна сплотеност на наставници и ученици, упорност, борбеност, желба за успех и тимски дух. Овие деца и наставници денес дишеа како еден.

На овој настан со свој настап наша поддршка беше и хорор на училиштето под менторство на наставникот Ванчо Јовчев.

Огромна благодарност до нашата директорка Адријана Младеновска што ни го донесе проектот во училиштето и беше наша голема поддршка.

Сите ние без поддршката на родителите немаше да успееме во овој проект.

Денес тие точно 10 часа беа заедно со нас и го преживуваа секој момент исто како нас.

Затоа сме успешни, затоа што сме училиште – семејство!

Нема да застанеме тука и следната година повторно ќе влеземе во арената да се бориме –

да бидеме победници во сите категории.

ОСЕТРА ТИМ – ХЕРОИТЕ на ДЕНОТ!

Дамјан Петровиќ

Давид Трајановски

Андреј Арнаудов

Ведран Вељковиќ

Стефан Арсевски

Ангелина Трпковска

Софија Мијалковска

Алек Јовановски

Елена Наумова

Марко Наумов

Анастасија Ивановска

Петар Стефановски

Матеј Макрешански

Ана Ристиќ

Тара Спасиќ

Денот низ фотографии  – погледнете ги на нашата фб страница