Хуманитарна акција

Уште еднаш нашите ученици докажаа дека нашето училиште има големо срце.

Собравме донации кои ќе донесат празнична радост во нечиј дом!

Посебно сме горди на сите ученици кои донираа и учествуваа во подготвувањето на пакетите за социјално најзагрозеноте семејства.

Празниците треба да донесат радост во сечиј дом !!!

Новогодишна приредба од учениците од 2-1 одделение

Приредбата беше посветена за бабите и дедовците

на учениците. Оние кои се грижат за децата додека родителите се на работа.

Тие ги испраќаат и дочекуваат учениците од училиште.

Понекогаш помагаат во извршување на домашните задачи.

Ги учат и воспитуваат своите внуци, како да бидат подобри деца.

Денес во знак на благодарност внуците пееја, играа и рецитираат само за нив.

Активност подготвена од одделенскиот наставник на 2-1 одд. – Елизабета Георгиевска

Дедо Мраз пристигна со воз

Денес учениците од IV и V одд. на несекојдневен новогодишен настан го пречекаа Дедо Мраз кој пристигна со воз на перонот 1на Железничката станица,, Скопје”.

Прво го разгледаа музејот на Железничката станица потоа ја проследија едукативната и интерактивна претстава ,, Дедо Мраз дојде со воз“ на крај на перонот 1 го пречекаа возот, се качија во него и сите добија симболични подароци  од Дедо Мраз.

Организатори на настанот беа: Училиштето за театар „Од игра до претстава“, во соработка со јавните претпријатија Македонски железници АД Транспорт и Македонски железници – Инфраструктура

Активност спроведена од одделенските наставници на IV и V одд.

Впечатоците од настанот низ фотографии на нашата фб страна

Учествувавме на Првата Ораторска вечер во Гази Баба

На 23 декември во нашата општина се одржа првата Ораторска вечер, натпревар по јавно говорење на која учествуваа учениците од 9 одд. од сите основни училишта на нашата територија.

Претставник од нашето училиште беше ученичката Софија Мијалковска од 9-3 одд. која во својот говор на тема: „Јас меѓу виртуелното и реалното секојдневие“ го истакна следново:

„Задача на секој од нас е да најде рамнотежа меѓу виртуелното и реалното. Виртуелниот свет е предност на денешницата, но и опасност да се изгубиме во него. Така изгубени тој нѐ проголтува, нѐ оддалечува од оние до нас, нѐ прави несвесни за вистинските вредности во животот. Затоа, ве повикувам, ајде да создадеме здрави навики! Користејќи го најдоброто од двата света, мудро да бидеме свесни за своите избори. Виртуелното не смее да стане посилно од вистинското, туку само сојузник кој свесно ќе го користиме, ќе бидеме среќни и исполнети со љубов и почит кон сѐ околу нас и пред сѐ кон себеси.“

Со својот говор таа ја истакна обврската на младите генерации да создадат навики за придржување до животот во реалност.

Ментор: Катица Стојчевска- наставник по македонски јазик.

Нашиот хор – дел од Новогодишниот детски џез концерт

Хорот на ООУ,, Дане Крапчев” учесник на Новогодишниот детски џез концерт во Македонската Филхармонија, на кој беа изведени светски најпознати новогодишни композиции.

Волшебна атмосфера, музичка магија, младост, искуство и многу љубов  на сцената на Филхармонија

На сцената заблескаа:

Хорот на ООУ „Дане Крапчев“ предводен од наставникот Ванчо Јовчев.

Балетското студио за класичен балет и модерен танц ,,Балерина”

Диригент на концертот беше маестро Џијан Емин,

Визуелизациите на сцената ги созде Емил Петро – визуелен уметник.

Целта на концертот беше џез музиката да се доближи до сите генерации и тоа во нaјубавиот период од годината и сите заедно да уживаме во прекрасниот спој на уметници од различни генерации.

Целта беше постигната, фотографиите постирани на нашата фб страна нека ја пренесат магијата на настанот….

Добиeна донација – најсовремениот Spike Prime LEGO Education робот

Ученици од нашето училиште денес присуствуваа на несекојдневен настан поврзан со современата технологија и роботика.

Тимот кој за прв пат ќе учествува на престижниот интернационален натпревар FIRST LEGO League Challenge го доби најсовремениот Spike Prime LEGO Education робот. Како училиште изразуваме огромна благодарност до Bechtel Corporation и Robotics & Innovation Academy – Академија за роботика и иновации. Оваа донација нуди уникатна можност учениците да се запознаат со програмирањето, роботиката и иновативноста.  Со учеството во FIRST LEGO League кај учениците се поттикнува љубопитноста, креативноста, иновативноста, тимскиот дух и им помага да се развиваат пред сè, како идни лидери во науката и технологијата.

Одговорни наставници за активноста: Марина Пејковска, Билјана Стојановска и Лиле Сарваноска.

8 ДЕКЕМВРИ – Ден на Св. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

Денес го одбележуваме 8 ДЕКЕМВРИ – Ден на Св. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ најпознатиот ученик на браќата Кирил и Методиј и значаен лик во христијанството и просветителството.

Свети Климент го создал првиот словенски универзитет- Охридската книжевна школа.

Тој е СВЕТИЛНИК НА ПИСМЕНОСТА. Неговата дејност и мисија се патоказ за секој учител.

Вечно да се слави неговото име и неговото дело!

Нашите вторачиња од II-3 одд. и наставничката Емилија Блажевска твореа во чест на големиот учител.

ДЕЦА-ВОЛОНТЕРИ

Денес волонтираме, донираме и со хуманост на дело го одбележуваме 5 Декември-ДЕНОТ на ВОЛОНТЕРСТВОТО.

Членовите на Ученичкиот парламент денес помошници во НАРОДНАТА КУЈНА ,,Св.СПАС”каде благодарение на главниот готвач чичко Благојче и неговите вредни раце се подготвија 205 топли оброци за најзагрозените граѓани во нашиот град.

БЛАГОДАРНОСТ до Хуманитарна организација “Свети Спас” за можноста ова утро да поминеме неколку часа во нивната кујна и да вршиме општествено корисна работа.

Волонтерството е работа од љубов, работа за стекнување искуство, работа за инвестирање во себе! Тоа е животна филозофија, која треба да ја практикуваме сите.

НАШ ПРЕДЛОГ: Волонтирајте и Вие во Хуманитарната организација,,Свети Спас”.

За нашите впечатоци од овој настан , нека говорат фотографиите кои може да ги погледнете на нашата фб страна…

Активност подготвена од одговорните наставници на Ученичкиот парламент: Магдалена Павлеска и Данче Костовска-Јакимовска

СЕКОЈ ДЕН-ДЕН ЗА СИТЕ

По повод 3ти ДЕКЕМВРИ интернационалниот ден на лицата со попреченост учениците од I-1 и V-3 одд. реализираа работилница со цел поголемо прифаќање, поддршка и почитување на различностите.

Учениците на сликовит начин истакнаа дека сите деца се исти и испратија порака:

,,Да ги почитуваме различностите, секој ден е ден за сите во целиот свет”!

Активноста ја реализираа:

Во I-1 наставник:Катерина Димовска и образовен асистент Милена Алексовска

Во V-3 наставник: Анета Менчова и образовен асистент Жаклина Владимирова со поддршка од специјалниот едукатор и рехабилитатор од нашето училиште – Катерина Банџо.

Фотографиите од активностите погледнете ги на нашата фб страница