Категорија: Празнувања
-

2 февруари – 114 години од раѓањето на Дамјан Крапчев – Стари
Денес, преку ученички активности и креативна работа, го одбележавме роденденот на нашиот патрон – Дамјан Крапчев – Стари. Учениците се запознаа со неговиот живот и делото што го посвети на слободата и татковината. Како училиште што гордо го носи неговото име, продолжуваме да го чуваме споменот и вредностите што тој ги остави зад себе.
-
ДА НИ Е ЧЕСТИТ ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК
Погледнете ги фотографиите на нашата фб страна кои говорат како го прославивме патрониот празник.
-
5 Мај – Денот на македонскиот јазик и азбука
Без јазикот ќе си недостигаме самите на себе, оти само јазикот никогаш не нѐ оставил сами и тој памети многу повеќе отколку што ние можеме да заборавиме.” Петре М. Андреевски. Нека ни е честит 5 Мај, Денот на македонскиот јазик и азбука! Активност подготвена од ученици од 6 до 9 одд. со наставниците по македонски…
-

ДЕН за ПОЧИТ кон МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК!
Големиот одмор, денес посветен на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик под мотото: ,,Јазикот сум јас, јазикот си ти, јазикот сме ние!” Со топол чај, творби и пораки за јазикот, учениците од предметна настава со своите наставници по Македонски јазик и учениците од второ и петто одделение го одбележаа Денот на мајчиниот јазик. Говорете го правилно…
-

8 ДЕКЕМВРИ – Ден на Св. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ
Денес го одбележуваме 8 ДЕКЕМВРИ – Ден на Св. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ најпознатиот ученик на браќата Кирил и Методиј и значаен лик во христијанството и просветителството. Свети Климент го создал првиот словенски универзитет- Охридската книжевна школа. Тој е СВЕТИЛНИК НА ПИСМЕНОСТА. Неговата дејност и мисија се патоказ за секој учител. Вечно да се слави неговото име…
-

5 Oктомври – Денот на учителот
За денот на учителот, младоста и искуството на едно место Токму училишната библиотека беше сведок на емотивна средба меѓу најмладите и најискусните наставници од нашето училиште. Пораката беше јасна – УСПЕШНИОТ НАСТАВНИК е достоен, посветен, срдечен, толерантен, грижлив, емпатичен, ентузијаст и инспиративен Учениците од ученичкиот парламент во улога на новинари за ,, Денот на учителот”.…
-

„Франкофонија“ во Дане Крапчев
Нашето училиште е дел од мрежата “J’aime le français” / ,,Го сакам францускиот јазик” – проект на Француската амбасада. И ДА, ние во Дане Крапчев го сакаме францускиот јазик. Денес ја славевме Франкофонијата и се забавувавме на француски. Пеевме, читавме поезија од Жак Превер, па и малку спортувавме. На настанот учество земаа ученици, вљубеници во…
-
Патронен празник на училиштето
Денес со пригодна приредба и со многу гости го обележавме 47 патронен празник на училиштето Постојано цртаме спомени и создаваме слика наречена ЖИВОТ. Повеќе фотографии од денешниот настан може да видите на нашата фб страна
-

20 НОЕМВРИ – ГО СЛАВИМЕ СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО! ЈА СЛАВИМЕ ИДНИНАТА!
Денес учениците од Ученичкиот парламент спроведоа активност ,,ОД ДЕТЕ ЗА ДЕТЕ” Со оваа активност подарувавме, преку пораки потсетувавме за правата на децата, ставивме насмевки на лицата на нашите првачиња и создадовме среќни моменти за нив. За ,, Денот на детето” ученикот правобранител и неговите заменици изработија пано за детските права. На големиот одмор во училишниот…
-

За нашето Скопје
13 Ноември – Денот на ослободување на градот Скопје, денес беше инспирација за литературно и ликовно творење за учениците од V-3 одд. и нивната наставничка Христина Петровска