По повод Европскиот ден на јазиците – 26 Септември, во нашето училиште беа реализирани низа интересни и креативни активности со цел да се истакне богатството на јазиците, културите и различностите што ја обединуваат Европа.
Учениците од предметната настава спроведоа анкета со случајни минувачи, поставувајќи им интересни прашања поврзани со европските јазици. Преку оваа активност учениците имаа можност да комуницираат со граѓаните, да стекнат нови искуства и да ја истакнат важноста на изучувањето и познавањето на странските јазици.
Посебно внимание привлече рецитирањето на песната „Т’га за југ“ од Константин Миладинов на повеќе јазици, со што учениците ја претставија убавината на македонскиот јазик и литература, но и јазичната разновидност во Европа.
Учениците од V одделение придонесоа со прекрасна музичка изведба, пеејќи детски песнички на повеќе европски јазици.
Со овие активности испративме порака дека јазиците нè поврзуваат, ја збогатуваат нашата комуникација и ни овозможуваат подобро да ги запознаеме другите култури.
Да ги негуваме јазиците, да ги почитуваме различностите и да градиме мостови преку зборовите!