Тим Осетра на Факултетот Историја на уметност и археологија.

Во рамки на подготовките за натпреварот First Lego League 2026 со тема „Unearthed“, нашиот Тим Осетра денес го посети Факултетот Историја на уметност и археологија.

Учениците имаа можност да присуствуваат на предавање од професор на Институтот со група студенти, каде научија повеќе за археолошките истражувања и културното наследство.

Тимот пред присутните го претстави својот иновативен уред со кој ќе се натпреваруваме на претстојниот голем натпревар на 14ти и 15ти март во Diamond Mall.

Ги покануваме сите пријатели, родители и поддржувачи да ни држат среќа и да го поддржат нашиот тим на натпреварот овој викенд !!!

Им посакуваме многу успех на нашите млади истражувачи, програмери, инженери, креативци

Заедно во борбата против ракот

Подмладокот на Црвениот крст во нашето училиште ја одбележа Неделата на борба против ракот (1–8 март).

Преку разговор и активности учениците потсетија колку се важни грижата за здравјето, здравиот начин на живот и редовните прегледи.

Испраќаме порака за поддршка, солидарност и надеж за сите кои се соочуваат со оваа болест.

1 МАРТ – ДЕН НА НУЛТА ДИСКРИМИНАЦИЈА

Ден посветен на почитувањето на еднаквоста, достоинството и човековите права на секој поединец.

Учениците од Ученичкиот парламент изработија креативни плакати со пораки за:

толеранција и еднаквост

почитување на различностите

осуда на дискриминацијата

прифаќање и другарство СИТЕ СМЕ РАЗЛИЧНИ, НО ПОДЕДНАКВО ВРЕДНИ !!!