Честит Рамазан Бајрам!, 20-03-2026 - слика 3

Честит Рамазан Бајрам!

Во нашето училиште, преку секцијата за мултикултурализам, заеднички го одбележавме големиот празник Рамазан Бајрам.

Со голема благодарност до родителите, нашите ученици од муслиманска вероисповед ги почестија наставниците и соучениците со традиционална баклава.

Преку кус едукативен реферат, се потсетивме на вредностите на овој празник: солидарност, простување и меѓусебна почит.

​Баклавата беше слатка, но уште послатко беше заедништвото и пријателството што ги негуваме секој ден.

​Продолжуваме да градиме мостови и да ги славиме нашите различности

Ден за природата, ден за творење!, 20-03-2026 - слика 10

Ден за природата, ден за творење!

​Нашето училиште блесна во сите бои на пролетта! Од најмалите до најголемите, сите се обединивме со една цел – поубава и почиста околина.

​Учениците од второ одделение со многу љубов цртаа, боеја и пишуваа еко-пораки, потсетувајќи нè колку е важно да ја чуваме природата.

Креативната енергија ја продолжија учениците од V-1, кои преку својот плакат „Додај и боја на планетата Земја“ испратија силна порака за одговорност кон планетата.

Вредните раце од предметна настава пак, со четки и бои му дадоа нов сјај на училишниот двор и ги подготвија сите места за пролетно садење.

За крај, нашата Еколошка секција покажа како со рециклирање се создава нов живот, изработувајќи уникатни саксии во кои засадија прекрасни цвеќиња.