Отворен меморијалниот турнир во мал фудбал во Инџиково
На 10.05.2025 година во Инџиково беше отворен меморијалниот турнир во мал фудбал кој традиционално се одржува во спомен на Горан Стојменовиќ, херој кој го загуби својот живот во одбраната на Македонија во настаните од Диво Насеље и младото момче Бојан Арсенов кој го загуби својот живот во несреќа!
Училишниот хор при ООУ „Дане Крапчев“ по 10-ти пат учествува на овој хуман настан како знак на длабока почит и сеќавање, кој денес одбележува 10 годишнина во чест на нашите бранители.
Нека се издигне нашето сеќавање – нека лета нивната храброст!
Хероите живеат вечно!
Активноста ја реализира наставник- Роза Јаневска.
