Започна новата сезона на FIRST LEGO League N. Macedoniа

На 30 октомври со менторскиот состанок на кој присуствуваа нашите наставнички Марина Пејковска, Лиле Сарваноска и Билјана Стојановска

во организација на Robotics & Innovation Academy, нашето училиште и тимот ОСЕТРА, со голема возбуда по трети пат се вклучува во нова авантура.

Овогодишната сезона, BIOGLOW , нè води во светот на биолошката разновидност, поттикнувајќи ги младите преку наука, технологија, роботика и креативност да истражуваат и да создаваат иновативни решенија за зачувување на природата.

Им посакуваме успешна и инспиративна сезона исполнета со љубопитност, креативност, нови знаења и многу убави моменти!