Еко-работилница на француски јазик

Нашето училиште и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Катедра за Француски јазик и книжевност склучија меморандум за соработка и спороведување на заеднички активности.

Првата активност се одржа во петок, 24 декември 2021г, а тоа беше убава еко работилница во која учествуваа ученици од осмо одделение од секцијата – Франкофонски клуб. Нè посетија студентките Уна, Анкица и Марија заедно со нивната лекторка Анита Кузмановска. Студентките ги запознаа учениците со некои нови изрази на француски на тема екологија, а потоа во играта која ја подготвиле, учениците одговараа на прашања поврзани со времето на разградување на отпадот во природата и многу еко-гестови. Тие научија нови работи за екологијата, а истовремено многу се забавуваа.

Лекторката Анита Кузмановска за победничкиот тим подготвила подарок а се разбира имаше и бонбони за сите учесници.

Посета на Народна банка на Република Северна Македонија

                    На 22.12.2021г. учениците од 6 и 9одд. ја посетија online НБРМ. Целта на посетата беше учениците да се запознаат: каде точно се наоѓа Народната банка; кои се основните функции на Народната банка; што е ценовна стабилност, што е инфлација, а што девалвација; што се пари, зошто се користат и какви пари постојат; каде и како се прават македонските денари; дали може да направиме денари колку што сакаме; кои се обележјата на нашите пари; од кога се воведени македонските денари; зошто треба да се штеди; дали во Народната банка може да се штеди; која е разликата помеѓу Народната банка и комерцијалните банки; зошто се чуваат девизни резерви и кој управува со нив.

                   Учениците ја проследија презентацијата. Се водеше дискусија по дадените теми каде што учениците искажуваа свои сознанија и мислења, а добија и одговори на нивните поставени прашања.