Направи со мене, а не за мене

На 16.11.2021 год. во Даут-пашиниот амам, од страна на ОУРЦ „Иднина“ – Скопје беше промовирана збирка со литературни творби со наслов „Направи со мене, а  не за мене“ напишана од ученици од повеќе општински училишта. Наши ученици и нивните ментори преку своите литературни творења како и преку учество во online работилници дадоа свој придонес кон градење на инклузивната клима и подигање на свеста за прифаќање и почитување на различностите,  особено во делот на врсничка соработка. Делата на Христијан Гочевски-Иваноски, Ања Јовановска и Гораст Стојановски од ООУ „Дане Крапчев“ – Скопје се едни од делата кои ја збогатуваат оваа збирка. Овие ученици на еден креативен и инспиративен начин ја отсликуваат потребата од промени кои се случуваат во општеството кон постигнување на еднаквост и рамноправност на секој поединец.

ООУ „Дане Крапчев“ – Скопје доби благодарница за хуманост и соработка.

Сертификати за учество на конкурс за избор на најдобра литературна творба доделени на учениците:

Ања Јовановска

Христијан Гочевски-Ивановски

Гораст Стојановски

Ангела Анѓелкоска

Ангела Илиевска

Илина Нестороска

Ева Наумовска

Михаела Димчова

Бојана Филипова

Признание за учество на литературен конкурс доделени на наставниците – менори:

Катица Стојчевска

Ивона Миленкова

Билјана Трајановска

Лидија Ѓорѓиева

Објавените творби во збирката на учениците од нашето училиште може да ги прочитате на линкот од блогот „Дружината на Дане Крапчев“

Отворање сензорна соба во ООУ „Дане Крапчев“

На Отворениот ден за граѓанско образование ООУ „Дане Крапчев“ – Скопје подрржан од Фондација за образовни и културни иницијативи Чекор по Чекор – Македонија, а во чест Меѓународниот ден на детето, денес 22.11.2021 год., по иницијатива на училшниот клуб „И јас имам глас“ и училишниот парламент, во рамки на проектите „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ и „И јас имам глас“ се реализира: – Отворање сензорна соба во ООУ „Дане Крапчев“- Гази Баба Оваа ученичка иницијатива беше дефинирана од членовите на ученичкиот парламент и ученичкиот клуб, по обуката за Ученичко учество и активизам, што се реализираше во рамки на проектот „И јас имам глас“ со цел да се одговори на приоритетите на нивните соученици за реализирање на детските права и за создавање стимулативна и инклузивна училишна средина. Оваа иницијатива е реализиран како дел од проектите „И јас имам глас“ финансиран од Save the children International преку Шведската Агенција за меѓународен развој. и „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ финансиран од ЕУ.Голема благодарност до сите ученици вклучени во реализација на активностите во насока на почитување на Детските права, како и благодарнсот до Општина Гази Баба и градоначалникот Бобан Стефковски кои даваат безрезервна поддршка во реализација и имплементација на нашите проекти.

22 Ноември-Ден на албанската азбука

Денес се навршуваат 113 години од денот кога во Битола на 22 ноември 1908 година, во зградата каде што бил сместен клубот „Башкими“ се одржа Конгресот за унифицирање на азбуката на албанскиот јазик.

Битолскиот конгрес за создавање на една, единствена азбука на албанскиот јазик се одржа во периодот од 14 до 22 ноември во Битола со учество на, како што се наведува во документираниот повик, Албанци геги, тоски, странци и посебно филозофи кои биле заинтересирани за отвореното прашање. За албанскиот народ, „Битолскиот конгрес“ беше најважниот настан во почетокот на XX век, каде од неговите резултати на 28 ноември 1912 година е прогласена и независноста на Албанија. Со ова, 22 ноември останува ден за помнење за албанскиот народ, познат како „Ден на азбуката“.