Државниот натпревар по математика за учениците од основното образование ќе се одржи на 8.05.2021 година, сабота и 9.05.2021 година, недела.
На Државниот натпревар се пласирани сите ученици од шесто, седмо, осмо и деветто одделение кои освоиле прва награда и оние ученици од деветто одделение кои освоиле втора награда на Регионалниот натпревар. На овој список се додаваат и учениците кои имаат најдобар резултат во сопствениот регион на Регионалниот натпревар.
Постигнати резултати од регионалниот натпревар по математика на учениците од ООУ„Дане Крапчев“, Гази Баба- Скопје
| Ученик | Ментор | Одделение | Поени | Награда |
| Марко Крстевски | Елизабета Ордева | IV | 94 | I |
| Сандра Милосковска | Елизабета Ордева | IV | 88 | I |
| Александар Маџовски | Даниела Салтирова | V | 93 | I |
| Христијан Гочевски Иваноски | Билјана Трајановска | V | 88 | I |
| Тара Спасиќ | Даниела Салтирова | V | 74 | II |
| Матеј Китановски | Даниела Салтирова | V | 74 | II |
| Петар Георгиевски | Вилдана Суљовиќ | V | 69 | III |
| Дамјан Петровиќ | Вилдана Суљовиќ | V | 68 | III |
| Ива Андова | Даниела Салтирова | V | 51 | П |
| Давид Арнаудов | Јулија Атанасова | VI | 95 | I |
| Михаела Димчова | Билјана Стојановска | VII | 45 | П |
| Алексеј Стојановиќ | Лиле Сарваноска | VIII | 60 | III |
| Анастасија Тодевска | Лиле Сарваноска | IX | 100 | I |
| Јана Благојевиќ | Лиле Сарваноска | IX | 40 | П |
Официјалниот почеток на Државниот натпревар е во 10 часот, во соодветниот ден, а сите ученици треба да се пред влезот на Природно-математичкиот факултет во Скопје, најдоцна до 9:30 часот.
Натпреварот ќе се одржи во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, со физичко присуство на учениците и со почитување на протоколот за работа на ПМФ при физичко присуство.




