Посета на фестивалот ЗЛАТНО СЛАВЕЈЧЕ - 28.11.2019

Посета на фестивалот ЗЛАТНО СЛАВЕЈЧЕ

На 26.11.2019, вторник, учениците од одделенска настава го посетија фестивалот “Златно славејче” кој се одржува по 49 пат во нашиот град. Учениците понесени од звуците на музичките рефрени со голем интерес го следеа фестивалот и уживаа во друштво со многу ученици од други училишта и новите музички ѕвезди.