Во периодот 24–28 ноември 2025, подмладокот на Црвениот крст при нашето училиште, под менторство на наставничките Бранкица Наумовска и Весна Димитровска, реализираше уште една значајна активност.
Овој пат, преку читање реферат, изработка на едукативни материјали и интерактивни дискусии, учениците поставија силна порака за здрави навики и свесност за штетноста од цигари, алкохол, електронски цигари и дрога.
Малите чекори што ги правиме денес создаваат големи промени во утрешнината

