Хуманоста на дело во ООУ „Дане Крапчев“

​Нашето училиште повторно е дел од програмата ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција)!

Преку неа, нашите ученици учат како со емпатија и активност да помогнат таму каде што е најпотребно.

​Што преземаме до 18-ти мај?

–​Ги препознаваме потребите на нашите сограѓани.

-​Анализираме реални ситуации и поддржуваме ранливи категории.

-​Реализираме конкретни хуманитарни акции на терен.

​Под менторство на наставничките Бранкица Наумовска и Весна Димитровска, нашиот подмладок докажува дека младите се движечката сила на доброто!