На 13.02.2025г. (четврток) учениците Тара Спасиќ, Александар Маџовски од 9-2 одд. и Калина Караџоска од 8-1 одд. со придружба на наставничката по Географија Маја Величковска, учествуваа на ,,Ученичката квизотека 2024/2025” која се одржа во просториите на Детскиот културен центар – Карпош.
Квизот опфаќа тематика од наставно- образовниот процес, но и прашања со елементарен контекст (култура, спорт, уметност, актуелности).
Учениците се натпреваруваа со ученици претставници од ООУ,,Панајот Гиновски” – Бутел , ООУ ,,Григор Прличев”- Гази Баба и ООУ,,Круме Кепески”- Кисела Вода, го освоија второто место и го поминаа елиминацискиот дел.
