Проект „Мултикултурализмот во образованието“

Проект „Мултикултурализмот во образованието“

Втората работилница се одржа во ООУ „Дане Крапчев“ во училишната библиотека каде имавме можност да се запознаеме со книжниот фонд на библиотеката, видови на литература, познати книги и автори, а се запознавме и со дел од читателите кои позајмуваат книги во библиотеката.

Оттука добивме идеја за создавање на наша КНИГА во која ќе оставиме свој личен печат.

Голема благодарност за споделените искуства кои ги дознавме од библиотекарката Жаклина Атанасовска.

Следната активност се случи во училницата по историја каде повторно заедно читавме, ги споделивме нашите творби со другарчињата, преведувавме и научивме по некој збор на друг јазик.

Следно беше кршење со јајца каде на своите другарчиња им ги покажавме обичаите за прославување на празникот Велигден, а потоа правевме дизајни за насловна страна на нашата КНИГА преку ликовен цртеж.

И на крај до сите вас-нашата домашна задача е да објавиме конкурс со кој ќе ве поканиме и вас кои сте заинтересирани да ни се приклучите во проектот со ваша лична творба.

Информациите ќе бидат објавени на веб страните на двете училишта.

Учесници во проектот – наставниците Роза Јаневска и Дитурие Сејфедини со ученици од V, VI и VIII одд.