Нашите програмери Стефан, Давид, Андреј и Марко го презентираа роботот и мисиите за претстојниот натпревар по роботика и иновации. Во процесот тие стекнаа силни СТЕМ вештини, совладувајќи алгоритамско размислување, логичко решавање проблеми и тимска соработка.
Проширениот тим продолжува да ги следи мисиите од роботската игра и да истражува како модерната технологија помага во решавање реални предизвици во археологијата. Со голем ентузијазам ќе работат на нови идеи кои придонесуваат за заедницата и околината.
Наскоро ќе биде избрано идејното проектно истражување на годинешната тема:
“UNEARTHED! – Влијанието на модерната технологија врз археологијата и како минатото нè води кон иднината“
Им посакуваме успешна и инспиративна работа!
