„Мултикултурализмот во образованието“ – 4

Четврта работилница во ООУ „Дане Крапчев“ финализирање на книга (26.05.2025) и посета на издавачка куќа (27-31 Мај).

Претпоследна заедничка работилница предвидена со активностите од проектот: „Мултикултурализмот во образованието“

Овој пат изработивме насловна страна за нашата заедничка книга: „Книга од соништата“ под наслов „ПРИЈАТЕЛСТВО“ за која беа задолжени нашите  другарчиња Никола Тргачевски Владевски и Петар Стефановски од VII-2 под менторство на наставничката по информатика Марина Пејковска.

Останатите ученици ги уредуваа, преведуваа личните творби со поддршка на наствничките

по македонски јазик Елена Малинова, албански јазик наставничката Дитурие Сејфедини и наставничката по историја Роза Јаневска.

Огромно задоволство и позитивно искуство е за сите нас што ќе оставиме белег во нашите животи и траен спомен за нашите училишта и идните генерации.

Се надеваме дека сите вас ве поттикнавме да бите креативни, сплотени, иновативни и во иднина и вие да превземете вакви ученички иницијативи.

Финалниот потег е печатење на нашата заедничка книга која ќе се реализира во печатницата

ФОКУС ПРИНТ во Скопје.

Голема благодарност до генералниот директор Имер, генералниот менаџер Јусуф Гоѓуфи и останатиот тим кои ќе се погрижат за изработката и издавање на Книга од соништата.

Не примија со широко отворени раце, разбирање и почит. Им благодариме.

Голема благодарност и до МОН кое ги доделува овие грантови на училиштата кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција.

Преку овие проекти се промовираат добри практики во кои се негуваат хармонични односи кои се темелат на почитување на разликите, соживот, заедништво, трајни пријателства, трајни вредности, а притоа градејќи едно мултиетничко и мултикултурно општество со што се овозможува градење на современи, успешни и ефективни воспитно-образовни установи.

За крај Ве ПОКАНУВАМЕ сите вас драги ученици, родители, пријатели, вработени, локална заедница, претставници на општина Гази Баба и МОН да дојдете на нашата заедничка промоција на книга која ќе се реализира на свечената приредба на 04.06.2025 година во просториите на нашето партнер училиште ООУ „25 Мај“ во 17:00 часот.

Одговорен наставник за активноста: Роза Јаневска- наставник по историја.